Тереза Меј вети дека ќе ги брани хомосексуалците во Чеченија

Британската премиерка Тереза Меј ќе побара заедно со Русија по дипломатски пат да им даде поддршка на правата на ЛГБТИ-заедницата во Чеченија.

Британскиот премиер Тереза ​​Меј во четвртокот (11 мај) вети „дека ќе побара можности за заеднички дипломатски активности со меѓународните партнери“ во Русија за поддршка на правата на хомосексуалците во Чеченија, соопшти „Взгљад“.

„Се преземаат итни мерки да се разјасни кој е најефективниот начин да се поддржи заедницата на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица во регионот“, вели Меј во писмо до британските парламентарци објавено во локалното издание „Индипендент“ (The Independent).

Минатата недела претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека властите и органите на прогонот во републиката се подготвени да комуницираат со федералните органи при проверката на медиумските информации, според кои во републиката се прекршуваат правата на лицата со нетрадиционална сексуална ориентација.

Рускиот претседател Владимир Путин, исто така, ѝ вети на народниот правобранител Татјана Москалкова дека ќе го замоли јавниот обвинител и министерот за внатрешни работи да помогнат при проверката на ситуацијата околу луѓето со нетрадиционална ориентација во Северно-кавкаскиот федерален округ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња