На подрачјето на градот Африн кој се наоѓа во покраината Алепо и во непосредна близина на турската граница, а кое е под контрола на силите на самоодбраната на сириските Курди истакнати се знамиња на Русија и на сирија, јавува агенцијата Анадолија, повикувајќи се на локалното население од пограницчните турски села Акчабаглар и Демиришик.
Локалното население јавува дека знамињата се развиорени на бројни места долж границата, пренесуваат руските медиуми.
Според мислењето на очевидците сириските Курди на овој начин сакаат да ја осигураат безбеднпста на територијата што ја контролираат и да спречат евентуални напади од страна на сириската опозиција и на вооружените сили на Турција.
Анкара ги смета силите на самоодбраната на сириските Курди за терористичка организација која е повезана со Работничката партија на Курдистан која е забранета во Турција.
Турција претходно изврши воздушни напади врз точките на Курдите во Сирија и во Ирак. САД остро ја критикуваа Турција поради оваа акција, пренесува Взгљад.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче