Руската војска во 2019 ќе добие нов комплекс артилериски извидувач

Почетокот на сериското производство на акустичко-термичкиот комплекс за артилериско извидување „Пеницилин“ кој е во состојба во голема мера да го намали времето за откривање и неутрализирање на противничката артилерија е планирано за почетокот на 2019 година, им беше соопштено во четвртокот на новинарите од службата за односи со јавноста на холдингот „Роселектроник“.

Производителите на комплексот истакнуваат дека „Пеницилин“ работи на безбедна оддалеченост од противникот и може да ги замени извидувачките патроли кои традиционално работат на првите борбени линии и пренесуваат точни координати за ракетните удари. „Пеницилин“ функционира автоматски, бара нови цели кои претходно сличните системи не можеа да ги пронајдат. Како пример за ова се наведуваат повеќецевните фрлачи на ракети и противвоздушните тактички ракети.

Комплексот исполнува борбени задачи на растојание од 25 километри. Има неколку детектори на звук кои се поставуваат на површината на земјата и неколку оптичко-електронски модули. Системот ги детектира и ги обработува звучните сигнали на артилерискиот оган и детонациите, и за најмногу 5 секунди го пронаоѓа точното место каде паднала гранатата и каде се наоѓа артилериското оружје. „Пеницилин“ ја пренесува информацијата на своите батерии на оддалеченост до 40 километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња