Euronews: САД би можеле да им испорачаат „Патриоти” на балтичките земји

Првиот човек на Пентагон за време на посетата на Литванија предупреди дека силите на НАТО ќе ги одржат своите маневри во исто време со воените вежби на Русија и Белорусија.

САД се подготвени да ја разгледаат можноста за разместување на дополнителен воен контингент во балтичките земји, вклучувајќи и противвоздушни ракети од системот „Патриот“. Ова го изјави шефот на Пентагон Џејмс Метис за време на посетата на Литванија. Тој исто така предупреди дека НАТО ќе одржат свои маневри во исто време со воените вежби на Русија и Белорусија, објави порталот Euronews.

„Сметам дека вие, што моравте да издржите во ситуација под репресија можете подобро од кој било друг да ја цените слободата и никогаш кон неа да не се однесувате како кон нешто што се подразбира само по себе. Дури и кога покрај себе имала соседи кои ја изневериле довербата, Литванија успеа да даде придонес во одржувањето на операцијата на НАТО во Авганистан. И таа и натаму ќе продолжи да испраќа воени советници кои ни помагаат во борбата против ИДИЛ“, изјави Метис.

Претседателката на Литванија во повеќе наврати истакна дека балтичките земји се особено заинтересирани за создавање регионален систем за противвоздушна одбрана.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња