Кој е најевтиниот руски град за летната сезона?

Чебоксари е прогласен за град во кој е најевтино да се изнајми живеалиште за време на летната сезона, пишува сајтот Lenta.ru.

Експертите го определија Чебоксари за град со најевтина кирија во Русија за време на летната сезона. Еднособен стан во главниот град на Чувашката Република може да се изнајми за сума од 6.5 илјади рубли месечно (околу 110 евра – заб. ред.).

Во рејтингот градови каде може да се изнајми стан за лето со минимални трошоци Чебоксари го зазеде првото место. Освен еднокреветни, се изнајмуваат и двособни станува чија средна цена се движи околу 8.200 рубли и трособни станови по цена од 12.000 рубли (нешто помалку од 200 евра).

На второто место се најде Курган каде еднособен стан може да се изнајми за 6.500 рубли, додека на третото место се наоѓа Новокузнецк каде цената е 6.900 рубли.

Традиционално најскап град за изнајмување станови е руската престолнина Москва која се најде на последното место, а пред неа е Санкт Петербург.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња