Јункер: Односите меѓу ЕУ и Русија треба да се обноват

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју објавено во романскиот весник Adevărul изјавува дека односите помеѓу Европската Унија и Русија треба да се подобрат и дека такво нешто е сосема реално и можно.

Односите меѓу Европската Унија и Русија треба да се обноват и тоа е можно. Оваа изјава ја даде претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју објавено во романскиот весник Adevărul во средата (10 мај), соопшти ТАСС. 

„Нашите односи со Русија не се такви какви што беа, не се ни такви какви што би сакале да ги видиме, - рече лидерот на Европската комисијата. - Но, дури и сега нашите односи да се проблематични и да се обележени со недоверба, тоа не значи дека се урнати. Ние треба да ги повратиме и мислам дека можеме да го направиме тоа“.

„Аспектите кои доведоа до несогласувања, се добро познати“, изјави Јункер, истакнувајќи дека станува збор за кризата во Украина и пристапувањето на Крим кон Русија. „Сепак нашите канали за комуникација треба да се остават отворени, - продолжи тој. - Убеден сум дека има заеднички интерес во подобрување на нашите односи. Денешниот свет, без сомнение, има потреба од соработка, а не од конфронтации - како во однос на економијата и безбедноста, така и во геополитичката перспектива“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња