„Командирот на групата полковникот Данило и тројца негови офицери беа повикани во Москва за добивање награда - на подполковникот му е доделено звањето Херој на Русија, а на офицерите им се врачуваат воени награди“, ја цитира ТАСС информацијата на телевизијата.
Во прилогот се прикажани четворица мажи кои одговараа на прашањето завртени со грб кон камерата. Командирот на групата раскажа дека единицата излегла од борбата без загуби благодарение на позицијата и на обезбеденоста, а исто така и благодарение на предноста во вооружувањето - тој, меѓу другото, ги спомена и топлинските визири. Исто така тој ја подвлече храброста на војниците кои ги исполнувале задачите поставени од страна на командирот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.