МО на Русија негира егзекуција на руски војник во Сирија

По појавувањето на веста за наводна егзекуција на руски војник во Сирија од страна на ИДИЛ, Министерството за одбрана на Руската Федерација ги негираше ваквите гласови.

Министерството за одбрана во Русија ги негира вестите кои се појавија во медиумите за фаќање и егзекуција на руски војник кој служел во Сирија. Ова вчера го соопшти РИА Новости.

Оваа вест доаѓа откако во вторникот агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на организацијата SITE Intelligence Group, која ги следи интернет-активностите на радикалните групи, соопшти дека терористичката организација ИДИЛ на мрежата поставила видео на кое наводно се гледа обезглавување на заробен руски разузнавач.

На 2 мај беше соопштено за загинувањето на потполковникот на руската армија, воениот советник Алексеј Бучељников, кој загина во Сирија од снајпер на бунтовниците. Тој во состав на групата на руски војници спроведуваше часови за воена подготовка на личниот состав на сириската артилериска единица, кога бунтовниците започнаа да стрелаат.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња