„Облачноста беше речиси 150 метри, а авијацијата не може да лета при облачност под 500 метри од безбедносни причини“, изјави Песков.
Според него за откажување на летовите не се бара наредба од врховниот командант или од министерот за одбрана.
„Тоа се услови за безбедност поврзани со временските услови под кои воената авијација не може да ги извршува своите задачи“.
На воздушното шоу сепак се израдуваа жителите и гостите на Русија во други градови на земјата. На Дворцовиот плоштад во Санкт Петербург, на пример, за прв пат од 1945 година на парадата се приклучи армиската авијација - во воздушниот дел на парадата беа прикажани ловците Су-35, Миг-29, Су-27, Су-34, хеликоптерите Ка-52 , Ми-8, Ми-24, Ми-26 и транспортните авиони Ан-12, Ан-26 и Ту-134.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче