Порошенко им ја честиташе на борците на УВА победата над фашизмот

Ројтерс
Претседателот на Украина им го честиташе Денот на сеќавањето и на помирувањето на ветераните на Црвената армија и на партизанското движење, како и на борците на Украинската востаничка армија и на учесниците на националноослободителното движење.

Слава на сите кои ја бранеа Украина од агресијата на Третиот Рајх, напиша Порошенко на својот профил на Твитер.

Порошенко исто така им го честиташе празникот на вооружените сили на Украина, на доброволците, ветераните и на сите кои ја бранат Украина од агресијата на Русија.

Претходно Порошенко изјави дека споменикот подигнат во знак на сеќавање на учесниците на „специјалната операција“ кои украинските власти ја спроведуваат за задушување на протесното движење во Донбас, треба да се обедини со музејот на историјата на Украина во Втората светска војна во заеднички комплекс, пренесува порталот Взгљад.

Според него, Украина денес ја штитат потомци како на војниците од Црвената армија, така и на УВА (Украинска востаничка армија).

Украина од 2015 година на осми мај го прославува Денот на сеќавање и на помирување во знак на солидарност со европските земји кои на овој ден ја одбележуваат капитулацијата на нацистичка Германија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња