Сирија исклучува учество на војници на ООН за решавање на конфликтот

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем на прес-конференција во Њу Делхи. 13 јануари 2016, Њу Делхи, Индија.

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем на прес-конференција во Њу Делхи. 13 јануари 2016, Њу Делхи, Индија.

AP
Дамаск не се согласува да има војници под закрила на ООН на територијата на Сирија, изјави шефот на сириската дипломатија Валид Муалем.

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем исклучува учество на воени сили под закрила на ООН во имплементацијата на меморандумот за зоните на деескалација во земјата.

„Присуство на меѓународни сили под закрила на ООН нема да има. Русија како земја-гарант објасни дека ќе бидат распоредени сили на воената полиција и центри за мониторинг во тие зони. Никаква улога на ООН или на меѓународни сили нема да има во тие зони“, изјави Муалем на прес-конференцијата во Дамаск, пренесува РИА „Новости“.

Тој исто така истакна дека владата има намера да го почитува меморандумот, но во случај на нарушување од страна на некоја група, ќе даде решителен одговор.

Министерот додаде дека засега е рано да се зборува за успех на имплементацијата на договорот. „Остануваат логистичките детали, за кои ќе се дискутира во Дамаск. И ќе видиме колкав ќе биде обемот на почитување на овој договор“, рече шефот на сирискта дипломатија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња