Путин му го честиташе 90 роденден на својот поранешен началник во КГБ

Претседателот на Русија Владимир Путин.

Претседателот на Русија Владимир Путин.

AFP / East News
Претседателот на Русија Владим8ир Путин лично му го честиташе на својот поранешен началник 90 роденден.

Претседателот на Русија Владимир Путин во пресрет на празнувањето на Денот на Победата замина во московсиот реон Жулебино, каде живее неговиот поранешен началник во КГБ на СССР при Министерството за државна безбедност на поранешна Демократска Република Германија Лазар Матвеев. Повод за посетата беше и 90 роденден на неговиот шеф на управата за разузнавање. Под раководство на Матвеев рускиот лидер работеше во втората половина на 1980-те во Дрезден.

Заедно со рускиот претседател беа и првиот човек на „Транснефт“ Николај Токарев и раководителот на „Ростех“ Николај Чемезов. Но, првата здравица во чест на Матвеев ја кажа Владимир Путин, по што му врачи на славеникот подароци – претседателски часовник и примерок од весникот „Правда, објавен на денот на раѓањето на славеникот во 1927 година.

Според информацијата, објавена на официјалниот сајт на Кремљ, Владимир Путин работел во ГДР од 1985-1990 година во надворешното разузнавање во градот Дрезден. Путин ја заврши службата со чин потполковник и функција виш помошник на началникот на одделот, пренесува „Лајф“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња