Израелски сателит откри руски разузнавачки авион во Сирија

Авионот „Бериев A-50“.

Авионот „Бериев A-50“.

beriev.com
Сателит на израелската компанија ImageSat International откри во воздухопловната база во сириска Латакија најмалку еден руски авион-радар А-50, соопштуваат медиумите.

Снимките првпат беа објавени на сајтот на порталот во неделата вечерта, иако се со датум од 3 мај, пренесува „Взгљад“, повикувајќи се на порталот „Дифенс Њуз“.

Порталот исто така ја истакнува изјавата на началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС на Русија Сергеј Рудској, кој на крајот на април соопшти за распоредувањето во Сирија на управувачки систем со повеќе нивоа, кој ѝ овозможува на Русија да го контролира целиот воздушен простор на Сирија.

Во јануари минатата година беше потврдено дека авионот А-50 може да се примени во Сирија и беше прецизирано дека леталото е способно да открива објекти во воздух на растојание до 650 километри, а на копно – до 300 километри.

Во март оваа година Министерството за одбрана на Русија најави почеток на испитувањата на авионот за разузнавање А-100 „Премиер“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња