Луѓе држат фотографии на учесници во Втората светска војна во текот на маршот на „Бесмртниот полк“ по повод Денот на Победата, одбележувајќи ја 71-годишнината од победата над нацистичка Германија. 9 мај 2016, Москва, Русија.
РојтерсПретседателот на друштвото „Руска младина на Америка“ Игор Кочан изјави дека во неа севкупно зеле учество повеќе од четири илјади луѓе.
Маршевите, организирани со поддршка од Координативниот совет на организацијата на руски сонародници во САД, се одржаа во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Сан Франциско, Сиетл, Мајами, Денвер, Сан Диего, Бостон и Филаделфија. Во Вашингтон учесниците маршираа од Белата куќа до меморијалот на Втората светска војна на Националниот мол.
Според Кочан, во низа градови биле вклучени американски ученици кои работеле како волонтери, лепеле фотографии и помагале во организирањето на манифестациите, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче