Во пожар во висококатница во Москва настрадаа повеќе од 30 луѓе

Обука на студенти од Академијата на Државната противпожарна служба при Министерството за вонредни состојби на Русија.

Обука на студенти од Академијата на Државната противпожарна служба при Министерството за вонредни состојби на Русија.

Виталиј Анков / РИА „Новости“
11 лица се хоспитализирани, од нив две деца.

Повеќе од 30 луѓе беа повредени во пожар што избувна во една станбена зграда од 40 ката на југозападот на Москва. 11 лица од настраданите се хоспитализирани, соопшти за ТАСС службата за брза помош.

„Вкупно за медицинска помош по пожарот се обратија 31 лице, вклучувајќи и шест деца. Од овие, 11 лица беа испратени во болница, меѓу нив и две деца“, изјави соговорникот на агенцијата. Според него, на 20 лица им е укажана медицинска помош во амбулантите.

Пожарот во 40-катната станбена зграда во комплексот „Дирижабл“ настана вчера во 23:37 часот по московско време на првиот кат поради горење на кабли проследено со голем и густ чад. По час и половина пожарот беше целосно изгаснат. Како што прецизираа од Главната управа на Министерството за вонредни состојби за Москва, единиците за пожар и спасување евакуирале 155 луѓе.

Се наведува дека причина за пожарот може да биде краток спој во кабел.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња