Авионот, како што си мислел очевидецот и автор на статијата, првпат по подолго време се појавил на аеродромот, меѓутоа, се покажало дека во Сан Франциско последниве две недели авиони Ан-124 слетуваат редовно, соопштува „Травел Скилс“.
Вработените на аеродромот одбија да дадат детални информации, потврдувајќи дека тоа е Ан-124 кој редовно слетува на тој аеродром последниве недели. Притоа од аеродромот соопштија дека следниот лет е веќе „вечерва“ (текстот е објавен на 3 мај). Од каде доаѓаат овие авиони и што превезуваат, од аеродромот не соопштуваат.
„Сум видел на аеродромот Ан-124 и претходно, но тоа беше многу ретко. И вистинска новост е тоа што тие толку често слетуваат на овој аеродром – понекогаш по два на ден“, изјави авторот на статијата.
На интернет се појави и видео со Ан-124 во Сан Франциско на 24 април, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче