„Главните напори ќе бидат насочени кон развој на офанзива источно од Палмира и последователна деблокада на градот Деир ез Зор“, изјави Сергеј Рудској, началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија.
Тој нагласи дека сирискиот град Деир ез Зор се наоѓа под опсада на терористите повеќе од три години. Сириската војска покрај тоа ќе биде ангажирана и за ослободување на североисточните територии во покраината Апел долж Еуфрат.
Генерал Рудској додаде дека благодарејќи на формирањето зони на деескалација ќе се ослободи значителен дел од сириските вооружени сили. Како што нагласи тој, ВКС на РФ ќе продолжат да ѝ даваат поддршка на сириската војска во ликвидирањето на „Исламската држава“.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека меморандумот за создавање четири зони за намалување на затегнатоста во Сирија стапува во сила од полноќ на 6 мај. Меморандумот во четвртокот на преговорите во Астана го потпишаа Русија, Турција и Иран, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче