На интернет е објавена снимка на која се гледа како терористите се обидуваат да погодат тенк од советско производство Т-55АМ на сириските владини сили со американски противтенковски ракетен систем TOW-2.
Терористите беа уверени дека ќе успеат да го погодат тенкот и затоа почнаа да снимаат пред да се појави тенкот во зоната на истрелот. Тенкот, очигледно, повеќе пати излегувал од засолништето и ги гаѓал терористите, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
Кога Т-55 уште еднаш излезе на линијата на огнот, терористите истрелаа. Меѓутоа, посадата на тенкот го забележа нападот и реши да се засолни. Тоа ја спаси посадата, ракетата ја погоди цевката на тенкот, оштетувајќи ја малку, но тенкот остана цел.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче