Медведев: „Цврсти сме, не се плaшиме“

Русија не се плаши од обвинувањата од страна на други држави, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

Ова Медведев го изјави на средбата со учесниците во Големата Татковинска војна во Смоленск. Ветеранот Владимир Савељев раскажа дека го огорчуваат обвинувањата упатени на адреса на Русија на меѓународната сцена.

„Државите на сите начини нѐ нарекуваат, вклучително и нас, нашата влада и претседателот, тоа е, разбирате... не можам, право да ви кажам, да го гледам тоа...“.

„Ние сме цврсти, не се плашиме“, одговори на тоа Медведев.

Ветеранот исто така го покрена прашањето за воспитувањето на младината. „Во современиот период, кога на постсоветските простори се појавија „Националисти“, „фашисти“,... нашата задача е да ја покажеме вистината што ние ја поминавме, видовме, за да знаат луѓето дека сето тоа е фалсификување“, изјави тој.

Медведев се согласи, истакнувајќи дека во моментов тоа е дури и поважно отколку пред дваесет или триесет години „Сега во огромниот информациски поток е многу важно нашата младина да добие точна информација за настаните во Големата Татковинска војна – а од кого, ако не од вас, затоа што вие сте учесници во Големата Татковинска војна, вие сте носители на апсолутно уникатна информација за тој период. Многу е добро тоа што го правите“, изјави премиерот на Русија, заблагодарувајќи им се на ветераните за таквата „огромна работа“, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња