Ако ја споредиме трката на Арктикот со партија шах, Русија во моментов ги има на таблата сите фигури, а САД само пешак, и можеби, топ, изјави началникот на Крајбрежната стража на САД Пол Заканфт, пишува „Форин Полиси“. Притоа тој истакнува дека Москва веќе на почетокот на партијата му дала на Вашингтон шах-мат.
Заканфт исто така предупредува дека Москва, доколку Америка не побрза, во регионот креира „огромно воено-индустриско присуство”. Според него, Русија како да соопштува дека е прва и дека САД долго време ќе мораат да ја бркаат за да ја стигнат.
„Тие изнесоа стратешки став“, истакнува Заканфт.
Ако се земат, на пример, мразокршачите кои можат да обезбедат пристап до морските патишта како за трговските, така и за воените бродови, Русија има 40 такви на број, а САД само два, и само еден од нив реално стои на располагање за Арктикот, се вели во статијата што ја пренесува RT.
Повлекувањето на арктичкиот мраз отвора пристап до богатите резерви на природни ресурси и земјите како Русија и Кин „желно“ гледаат во нив. Според процените, во тој регион има околу 30% неистражени резерви на нафта, 13% резерви на нафта и минерали во вредност од околу еден трилион долари.
Заканфт, пишува изданието, исто така искажува загриженост поради тоа што во случај ситуацијата на Крајниот Север да избега од контрола, Русија ќе има предност над САД.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче