Експерт: Турција сѐ поблиску до Русија и сѐ подалеку од Америка

„Турција е сѐ поблиска до ставовите на Русија. Состанокот на рускиот и турскиот лидер во Сочи сведочи дек Анкара тежнее кон потесна соработка со Москва, додека несогласувањата со Америка се множат“, оцени за RТ професорот на Блискоисточнот технички универзитет во Анкара Хусеин Багчи.

„Пред сѐ односите на Русија и Турција ги очекува подобрување, а потоа, Москва и Анкара отсега ќе играат далеку поважна улога во мирното регулирање на ситуацијата на Блискиот Исток.  Турција е сѐ поблиска до гледиштата на Русија и има сѐ поголеми несогласувања со САД“, изјави Багчи за РТ.

Од воено гледиште Турција ќе тежнее кон рамнотежа во рамките на поддршката на напорите на Русија и САД. Анкара, меѓутоа, во ист момент, на соработката со САД ѝ приоѓа попретпазливо од било кога, затоа што Америка директно ги поддржува одредите на курдската народна самоодбрана кои турските власти ги сметаат за терористички организации.

Зборувајќи за средбата на Путин и Ердоган, тој истакна дека мировните преговори во Астана, на кои Русија, Иран и Турција настојуваат да пронајдат најефикасен начин за решавање на сириската криза,  беа меѓу главните теми. Состанокот во Сочи зборува и за тоа, тврди експертот, дека Турција тежнее кон потесна соработка со Русија, а не со САД.

Ставовите на Турција и САД за сириското прашање со секој ден се сѐ подалечни, а Анкара  сѐ повеќе гледа кон ставовите на Москва, нагласува експертот, пренесува .

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња