Сталин спроведувал тајна операција за осветување на приодите до Москва

Ветеран од Втората светска војна Владимир Киндјук раскажа за своето учество во тајна операција во осветлувањето на предградието на Москва, изведена по наредба на Сталин во есента 1941 година, кога германските фашистички трупи беа во офанзива за заземање на главниот град на СССР.

Како што раскажа ветеранот, „во текот на војната, кога Германците веќе беа под Москва, Сталин даде наредба – да се осветлат границите околу градот преку кои непријателот не би можел да напредува“, пренесува „Взгљад“.

„И јас – тогаш уште сосем младо момче – апсолутно случајно, без да знам, учествував во извршувањето на таа наредба“, додаде Киндјук.

Според ветеранот, тајната наредба на Сталин ја извршиле пилотите на авионите кои биле на аеродромот на Ходинско поле. За исполнување на мисијата биле одбрани ловци И-16 со три места, модернизирани за учебни цели.

Како што раскажа Киндјук, во мисијата биле вклучени 6 авиони и околу 12 свештеници. Околу Москва биле одредени шест маршрути по кои летале ловците со свештениците.

Свештениците носеле мали икони и, како што се изрази Киндјук, „некакви четки – судејќи според сѐ, за наросување на пристапите до градот со света вода“.

„За она што нашата екипа го правеше тие денови, јас и многумина дознавме дури на 23 февруари 1942 година, кога нѐ собраа заедно и ни го честитаа успехот. Излезе дек Германецот ниту еднаш не ги помина линиите чии граници тогаш беа осветени“. За исполнувањето на поставената задача целата команда, вклучувајќи ги и свештениците, според него, добила награди и медали.

Ветеранот во моментов живее во дом за стари лица во Бруклин, Њујорк. Владимир Борисович, кој оваа година полни 92 години, се подготвува да земе учество во маршот „Бесмртниот полк“ што ќе се одржи во Њујорк на 6 мај.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња