Директорот на ФБИ Џејмс Коми смета дека Русија продолжува да се меша во политичките процеси во САД и другите земји и тоа е „најголемата закана“.
Тој потврдно одговори на прашањата на таа тема на сослушувањата во Конгресот на САД.
На прашањата на сенаторот Линдзи Греем дали руските власти активно ги прикриваат сајбер-криминалците, Коми одговори со „да“.
Коми исто така потврди дека руските власти сѐ уште се мешаат во политичкиот живот во САД и дека треба да се пресечат тие дејствија.
Директорот на ФБИ исто така го потврди и тврдењето на Греем дека Русија „се занимава со тоа ширум светот“.
На прашањето колку е голема таа закана од страна на Русија, Коми рече: „Се разбира, според мене, тоа е најголемата закана од сите земји на Земјата, имајќи ги предвид нивните намери и капацитети“. Притоа Коми уште еднаш потврди дека неговиот ресор немал и нема докази дека резултатите од изборите во САД се Одговарајќи на прашањето за хакерите од Русија кои наводно се закана за американските владини структури и бизнисот, Коми истакна дека „Русија не соработува многу со нас кога престапниците се наоѓаат во земјата. Но, сите тие сакаат да патуваат и тогаш ги фаќаме и им ставаме лисици“, изјави директорот на ФБИ, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче