„Како што се сеќавате, точно пред три години во Одеса (...) се случи страшна трагедија – украинските националисти ги притераа беспомошните луѓе во Домот на синдикатите и живи ги запалија“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.
Шефот на руската држава истакна дека виновниците за стореното злосторството сѐ уште не се изведени пред лицето на правдата и не се казнети.
„Меѓународната заедница нема право да го заборави тоа, ниту да дозволи повторување на такви варварски злосторства во иднина“, додаде Путин.
На 2 мај 2014 година во Одеса приврзаниците на националистичката организација „Десен сектор“ и таканаречената самоодбрана на Мајдан ги запалија поставените шатори на Куликово поле. Проруските активисти се скрија во Домот на синдикатите, но и зградата беше запалена. Според податоците на украинската страна, загинаа 40 луѓе, според други информации – 116 луѓе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче