Околу 130 илјади луѓе учествуваа во маршот на синдикатите во Москва

На Црвениот плоштад во Москва се одржа првомајскиот марш на синдикатите.

Прес-службата на ГУ на МВР за Москва соопшти дека во маршот на синдикатите во рускиот главен град учествуваа околу 130 илјади луѓе.

Демонстрацијата се одржа под мотото „За достојна работа, плата, живот!“.

„Тоа е она што му е неопходно на секој човек – достоен живот врз основа на работниот придонес на човекот“, истакна претседателот на Федерацијата на независни синдикати на Русија (ФНПР) Михаил Шмаков.

Лидерот на синдикатите потсети и на меѓународниот карактер на 1 Мај. „Во повеќе од 140 земји на овој ден синдикатите организираат празнувања, свои настапи и митинзи. Меѓународниот карактер е во тоа што онаа варијанта на глобализацијата што сега се случува носи сиромаштија во сите земји, а не само во Русија. Затоа ние заедно, целиот свет се залагаме за достојна работа која треба да биде достојно платена“, изјави претседателот на ФНПР.

Покрај тоа, традиционалниот лозунг на 1 мај е и „За мир!“ „Нам ни треба мир. Ако има мир, тогаш ќе го добиеме сето она што го бараме“, заклучи Шмаков.

Претходно од ФНПР соопштија дека предвидуваат околу 2,5 милиони луѓе да земат учество во првомајските акции во повеќе од 700 градови и села во Русија, пренесува ТАСС.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња