Строгов изјави дека полските власти „не ги пропуштаа руските мотоциклисти поради сомневање за учество во екстремистичка организација“. Притоа учесниците во мотокросот од европските ограноци на клубот, како и граѓаните на Белорусија, беа во можност непречено да ја преминат границата и учествуваа во планираните активности.
На 30 април водачот на клубот Александар Залдостанов „Хирург“ потсети дека во 2015 и 201т6 година руските активисти исто така беа попречувани на патот до Берлин, со тоа што не им беше дозволувано да преминат на територијата на Европската Унија. Оваа година тој успеа да ја премине полската граница, изјавија од Генералниот конзулат на Русија во Брест.
Мотокросот „Патиштата на Победата - на Берлин!“ стартуваше на 27 април во Москва и треба да заврши на 9 мај во германскиот главен град. Колоната мотоцикли ќе помине со знамињата на Победата преку Минск, Брест, Варшава, Аушвиц, Прага, Дрезден и други градови до Берлин, оддавајќи им почит на советските војници и офицери кои се бореа во времето на Втората светска војна. Покрај руските моторџии, во дефилето се вклучени моторџии и од Белорусија, Германија, Полска и Словачка. Исто така е планирано да им се придружи и македонскиот огранок на „Ноќни волци“. Настанот се одржува веќе трета година по ред, пишува „Рамблер Њуз“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче