Помошник на Трамп: Соработката меѓу Русија и САД има перспектива

Помошникот на претседателот на САД за национална безбедност Херберт Мекмастер смета дека има перспектива за соработка со Русија.

Помошникот на претседателот на САД за национална безбедност Херберт Мекмастер изјави дека Русија и САД имаат перспективи за соработка во „клучните области“.

„Можеме малку да ги промениме односите, тогаш ќе се појават перспективи за соработка во клучните сфери каде има совпаѓање (на интересите)“, изјави Мекмастер во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“.

Според него, односите со Русија во првите 100 дена од претседателствувањето на Трамп не се промениле.

„Не мислам дека станаа полоши или подобри“, изјави Мекмастер, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња