На заседанието на Советот за безбедност на ООН Русија го поддржа кинескиот предлог за „двојна суспензија“ како појдовна точка за почеток на преговорите, соопшти во саботата МНР на РФ.
„Во текот на опширната дискусија членките на СБ едногласно ја повикаа Северна Кореја да се откаже од ракетните и нуклеарните тестирања и да ги исполни соодветните резолуции на СБ на ООН. Во исто време беше даден и апел за неопходноста од барање политичко-дипломатско решение за нуклеарниот проблем на Корејскиот полуостров“, се вели во соопштението на рускиот дипломатски ресор.
„Во овој контекст Руската Федерација го поддржа предлогот на Кина за „двојна суспензија“ (прекин на ракетните и нуклеарните испитувања од страна на Пјонгјанг во замена за откажување од спроведување на американско-јужнокорејските воени вежби во близина на Северна Кореја) во својство на појдовна точка за почеток на политички преговори“, се потенцира во соопштението.
МНР на РФ прецизира дека не е донесена резолуција по завршување на заседанието, пренесува „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче