Русија ги обвини САД за прекршување на воените договори

МНР на Русија одговори на претходно објавениот извештај на Стејт департментот на САД за почитување на договорите во сферата на контрола над вооружувањето.

Руското МНР во саботата, 29 април, објави опширен коментар во кој се наведени факти за прекршување на основните договори за неширење на оружјето од страна на Вашингтон. На тој начин рускиот дипломатски ресор одговори на претходно објавениот извештај на Стејт департментот на САД за почитување на договорите во сферата на контрола над вооружувањето.

Конкретно, според информациите на руското МНР, САД намерно даваат погрешни информации за своето „исполнување“ на Договорот за елиминација на ракетите со среден и мал дострел. Како пример е наведено распоредувањето во американската воена база во Романија на копнени антиракетни системи „Ејџис Ашор“. Загриженост на Москва е предизвикана од фактот што во нивниот состав има системи со вертикално лансирање  слични на универзалните МК-41, способни за лансирање на крстосувачки ракети со среден дострел „Томахавк“.

„САД веќе долги години го зголемуваат производството и употребата на јуришни беспилотни летала. Тие евентуални средства за достава на оружје за масовно уништување сосема јасно спаѓаат во дефиницијата во ДРСМД за крстосувчки ракети со копнено базирање“, изјавија од МНР на Русија.

Москва исто така смета дека Вашингтон го прекршува Договорот за неширење на нуклеарното оружје со тоа што повикува европски ненуклеарни земји од НАТО да учествуваат во таканаречените заеднички нуклеарни мисии. „Тие „мисии“ вклучуваат елементи на нуклеарно планирање и развој на практични вештини за користење на нуклеарно оружје со користење на авиони-носачи, нивните екипажи, инфраструктурата на аеродромите и копнените служби за логистика на ненуклеарните земји на НАТО“, објасни министерството.

Покрај тоа, во Москва предизвикува голема загриженост „несакањето на САД да го ратификуваат Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестирања“, пренесува „Лента.ру“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња