ПВО на РФ со зголемена борбена готовност по лансирањето во Северна Кореја

Советот на Федерацијата соопшти дека ПВО на РФ се ставени во зголемена борбена готовност по последното лансирање на балистичка ракета во Северна Кореја.

Шефот на комитетот на Советот на Федерацијата Виктор Озеров изјави дека противвоздушната одбрана на Русија на Далечниот Исток се наоѓа во состојба на зголемена борбена готовност поради ракетната проба на Северна Кореја, пренесува „Газета.ру“.

„Русија крајно внимателно следи што се случува во Северна Кореја. ПВО на Русија на Далечниот Исток се наоѓа во состојба на зголемена борбена готовност. Го контролираме воздушниот простор во зоната на одговорност  на воздушните сили на Русија“, изјави тој.

Според зборовите на сенаторот, Русија е свесна дека не е цел на ракетните проби на Северна Кореја.

„Од друга страна, техниката си е техника, и нашата војска прави сѐ што зависи од нив во случај на вонредна ситуација да не дозволат случајно да се најдат ракетите на територијата на Русија“, објасни Озеров.

Претходно беше соопштено дека Северна Кореја извршила уште едно лансирање на балистичка ракета кое завршило неуспешно. Ракетата паднала на територијата на Северна Кореја.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња