Руски центар при УКИМ: Ние сме онаму кадешто има најмногу чад и оган

Емануел Евзерихин. Фонтаната „Детски танц“. Сталинград (сегашен Волгоград), 23 август 1942.

Емануел Евзерихин. Фонтаната „Детски танц“. Сталинград (сегашен Волгоград), 23 август 1942.

MAMM/MDF
Вечерва во Рускиот центар при УКИМ ќе се одржи предавање посветено на Сталинградската битка.

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и овој петок организира интересен настан. Имено, станува збор за предавање кое е посветено на 72-годишнината од победата над нацистичката Германија и 75-годишнината од Сталинградската битка.

Настанот се организира во соработка со амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. На предавањето ќе стане збор за предисторијата, текот и резултатите од најголемата битка во Втората светска војна – битката за Сталинград, која претставува решавачка битка и со која се менува текот на настаните во најужасниот настан од историјата на човештвото.

Предавањето ќе започне во 19 часот во галеријата на Рускиот центар при УКИМ на булевар „Теодосиј Гологанов“ бр.28, трети кат, а влезот за сите посетители е слободен.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња