МНР на Русија загрижено за состојбата во Македонија

Зградата на МНР на Русија.

Зградата на МНР на Русија.

Министерството за надворешни работи на Русија се јави со коментар по повод последните настани во Македонија.

Министерството за надворешни работи на Русија реагираше денеска со коментар на вчерашните настани во Македонија. Го пренесуваме коментарот во целост“.

„Длабоко сме загрижени од последните настани во Република Македонија. На 27 април опозицијата која загуби според резултатите на парламентарните избори фактички изврши обид за насилно земање на власта во земјата, иницијативно избирајќи претседател на Собранието (парламентот) со грубо кршење на утврдените процедури. Како резултат на настанатата тепачка со учество на демонстрантите, кои настапија против „самозваните“, има повредени, од кои неколкумина се хоспитализирани.

Официјалните претставници на ЕУ, амбасадори на низа европски земји и САД веднаш го поздравија „новиот претседател“ на парламентот, патем кажано, поранешен командант на проалбанската „Народна ослободителна армија“. Таквата молневита координирана реакција, несомнено, претставува доказ за она што настанот се планирал претходно, со  преќутно знаење на „надворешните старатели“ на македонската опозиција. Ова повторно ја потврдува тезата за тоа дека главната причина на сегашната внатрешнополитичка криза во Република Македонија преставува најгрубо мешање во внатрешните работи на таа земја. Во тек е своеволна манипулација со волјата на граѓаните со цел да се тргне од власт легалната влада.

Понатамошниот развој на настаните според ова сценарио, обидите да се видоизмени земјата врз основа на тнр. „Тиранска платформа“ се закануваат со уште поголем пораст на тензиите, кои можат да резултираат со премин на ситуацијата во конфликт, вклучително и на меѓуетничка основа. А ако споменеме дека истиот ден од страна на францускиот суд, без оглед на барањето на Србија по линија на Интерпол, беше ослободен косовскиот Албанец Р. Харадинај, тогаш видливо е очигледно поттикнувањето од Западот на големоалбанските аспирации.

Во настанатата ситуација адекватно решение може да биде најдено единствено по пат на внатрешен македонски дијалог во рамките на уставно-правното поле. Неопходно е да престане секој надворешен притисок и да им се дозволи на одговорните политички сили на Република Македонија самите да го дефинираат понатамошниот развој на земјата“, се вели во коментарот објавен на сајтот на Министерството за надворешни работи на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња