Захарова до американска водителка:Бирајте ги зборовите кога зборувате за РФ

Водителката Кети Кјурик во текот на разговорот со портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова го нарече режим државното уредување на РФ.

Портпаролот на МНР на РФ Марија Захарова беше принудена да реагира на некоректното однесување на американска ТВ_водителка, која го нарече државното уредување на Русија „режим“, го пренесува интервјуто интернет-порталот „Јаху Глобал Њуз“.

„Го употребувате истиот збор „режим“ за американската администрација?“, се заинтересира Захарова кога водителката Кети Кјурик ја претстави гостинката и сама по себе го нарече режим државното уредување на РФ.

„А кој збор би го претпочитале?“, праша во одговор Кјурик. „Ме интересираше вашата мотивација“, инсистираше портпаролот на МНР на РФ. „Сметам дека ако претседателот е избран од народот на својата земја, тоа не е режим, туку демократија“, потенцираше Захарова.

Во текот на интервјуто Марија Захарова исто така изјави дека американските медиуми во текот на претседателствувањето на претседателот Барак Обама ширеле дезинформации за Русија, обидувајќи се да ги уништат односите меѓу двете земји. Според неа, и пред доаѓањето на Обама во Белата куќа во американските медиуми едноставно немало „позитивни или неутрални вести за Русија“, но „не се водеше таков напад со помош на лажни вести“.

„Имаше само лоши вести: за терористички напади, корупција. Но во периодот на администрацијата на Обама се соочивме со апсолутно поинаков пристап спрема Русија. Тоа беше своевиден напад да се уништат билатералните односи во целина, така што се појавија многу лажни вести“, изјави Захарова.

Дипломатот истакна дека не е уверена дека антируската кампања во американските медиуми се водеше на иницијатива на Вашингтон. Меѓутоа таа потенцираше дека периодот кога на власт во САД беше администрацијата на Обама се карактеризираше со „негативен пристап спрема Русија“.

Притоа таа исто така ги отфрли обвинувањата од страна на Западот дека Русија наводно сама шири лажни вести за постигнување на геополитички цели.

„Наведете ми макар еден пример како Русија шири лажни вести“, изјави портпаролот на МНР на РФ, додавајќи дека може да наведе „десетици, милијарди примери за тоа како западните медиуми шират лажни вести за Русија“, пренесува ТАСС.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.