Москва реагира на повикот на САД да се изврши притисок врз Русија за Сирија

Изјавата на постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли за неопходноста од притисок врз Русија за сириското прашање ја потврдува неадекватноста од перцепцијата на американската дипломатија и војска за реалната ситуација во Сирија, изјави шефот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата Константин Косачов.

„Изјавата на Хејли ја потврдува, за жал, или неадекватноста за перципирање на американската дипломатија и војската за реалната ситуација во Сирија, или континуираната практика на цинизам, кога сите оние кои не се согласни со обидите на САД да ги определуваат судбините на земјите и народите во блискоисточниот регион свесно се претставуваат како закана за мирот и безбедноста“, изјави Косачов, пренесува RT.

Според него, директна одговорност за граѓанскиот конфликт во Сирија сносат САД и нивните сојузници.

Претходно постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли изјави за неопходноста од притисок врз Русија за решавање на конфликтот во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња