МНР на РФ го осуди израелскиот напад врз аеродромот кај Дамаск

Израел денеска изврши ракетен напад врз воен објект југозападно од меѓународниот аеродром на Дамаск.

Москва ги осудува агресивните дејствија против Сирија и смета дека истите се недопустливи, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, коментирајќи ги информациите за ракетен напад на Израел во реонот на аеродромот кај Дамаск.

„Москва ги осудува агресивните дејствија против Сирија, смета дека се недопустливи и дека спротивни на принципите и нормите на меѓународното право. Ги повикуваме сите во текот на своите дејствија да останат во рамките на почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сириската Арапска Република“, изјави Захарова, пренесува РИА „Новости“.

Претходно во четвртокот сириската национална агенција САНА, повикувајќи се на воени извори, соопшти дека Израел извршил ракетен напад врз воен објект југозападно од меѓународниот аеродром во Дамаск, по што дошло до експлозии и пожар и е причинета материјална штета. Ракетниот напад е извршен во 03:50 по локално време од воздух од подрачјето на Голанската висорамнина. Израелските авиони не го повредиле воздушниот простор на Сирија.

Министерот за разузнавачки активности на Израел Исраел Кац изјави дека „инцидентот во Сирија“, од каде доаѓаат соопштенија за воздушен напад врз аеродромот во Дамаск, „совршено се поклопуваат“ со израелската политика на спречување на обидите за доставување на современо оружје на либанското движење „Хезболах“.

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња