Родната Шкотска фармерот Томас Хоџ ја замени без никакви проблеми со ставрополската провинција, затоа што едноставно се заљуби во тој живописен крај. Го препороди замреното село и успеа да ги убеди сите дека дошол во вистински рај за фармери. Локалното население го нарекува антикризен менаџер или напросто волшебник.
Од земјоделски комбинат-загубар направи успешен. Мислел дека доаѓа накратко, но стопанството кое му беше доверено премногу го потсетуваше на семејниот имот во Шкотска, а ако на тоа се додадат уште и прекрасните локални пејзажи, тој реши да остане. Се надева – засекогаш.
На работниците платата за две години им е зголемена двојно, купи нови машини и направи уште многу други нешта. Клучот на неговиот успех, како што тврди, лежи во дисциплината (насекаде има камери), во луѓето кои ја сакаат земјата и земјата која и самиот ја засака.
„Земјата овде дава многу повеќе отколку кај нас во Шкотска“, тврди Хоџ.
Во репортажата на „Прв канал“ тој на руски чита стихови.
Планира да засади и овоштарник и да изгради млекарница, а санкциите ги смета за добредојдени. Не сфаќа зошто Русите би купувале јаболка од Полска, кога можат да имаат свои, а истото важи и за млечните производи, вели тој.
Претпријатието што го раководи издвоило средства за реновирање на Домот на културата, а за амбулантата купил ново возило за брза помош и дијагностички апарат, па сега овде доаѓаат и луѓе од околните, многу поголеми села.
Хоџ сака да остане во ставрополското село и да живее како и сите други, со само една разлика – англиска градина, која планира да ја засади околу својата куќа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче