Кремљ: Ставот на Путин спрема Асад не е променет

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков потенцираше дека Путин, без да биде адвокат на Асад, е адвокат на меѓународното право и заштитник на меѓународното право

Фразата на претседателот на РФ Владимир Путин дека тој не е адвокат на сирискиот претседател Башар Асад, искажана во телефонскиот разговор со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, не значи промена на позицијата на Русија за Сирија, потенцира Кремљ.

„Што се однесува до поддршката за Асад, позицијата на Русија и на претседателот Путин за Асад не е променета и е добро позната. Фразата дека Путин не е адвокат на Асад, исто така не е нова, и таа не беше првпат кажана во телефонскиот разговор со претседателот Ердоган. Пуин ја има кажано таа фраза и во повеќе интервјуа“, изјави во средата портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на турскиот претседател.

„Путин, без да биде адвокат на Асад, е адвокат на меѓународното право и заштитник на меѓународното право. Тој ја брани позицијата која не дозволува донесување решение за иднината на една или друга земја од некакви трети лица или трети земји“, изјави Песков.

Како што истакна портпаролот на претседателот на РФ, Путин „смета дека иднината на Сирија и раководителот на Сирија не можат да се дефинираат ни во Анкара, ни во Вашингтон, ни во Париз, ни во Берлин, ни во Москва, самоопределувањето на Сирија е само за сирискиот народ“.

„Еве на која идеја е адвокат претседателот Путин сосема континуирано. Тука за никакви промени во пристапот не може да стане збор“, потенцираше портпаролот на Кремљ, пренесува „Интерфакс“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња