Ковчег сo телото на руски генерал пронајден во Турција

Мртовечки ковчег со крст во кое се наоѓа тело на маж во воена униформа е пронајден на место каде што се гради нова зграда.

Ковчег со тело, за кое се претпоставува дека е на руски генерал, е пронајден во текот на градежни работи во турската провинција Ардаган недалеку од границата со Грузија.

Мртовечкиот ковчег со крст во кое се наоѓа тело на маж во воена униформа е пронајден на место каде што се гради нова зграда. Работниците кои го пронајдоа ги информираа локалните власти, кои пак решија да го запрат градењето и да повикаат експерти за да се проучи телото, соопшти агенцијата „Хуриет“.

На местото дојдоа претставници на музејот на градот Карс, кои соопштија дека работниците веројатно го нашле телото на генерал на руската војска кој живеел таму пред околу 140 години, затоа што по Руско-турската војна во 1878 година овој регион се најде во состав на Турција, пренесува „Взгљад”.

По судската експертиза се планира телото да му биде предадено на музејот на градот Карс.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња