„На линија“: Украина де факто ја призна независноста на ЛНР и ДНР

Порталот „На линија“ го анализира последниот потег на Киев со исклучувањето на електричната енергија во Луганската народна република.

„Ополномоштениот претставник на Русија во контакт-групата за решавање на ситуацијата на истокот на Украина Борис Гризлов го најави претстојното отпочнување на снабдување на Луганската народна република со електрична енергија од Русија.

„Руската влада донесе одлука за обезбедување на снабдување со електрична енергија од Руската Федерација во рамките на хуманитарната помош“, изјави Гризлов. Тој истакна дека одлуката на Украина за прекин на снабдувањето со електрична енергија на Луганск и целата република заедно со голем број други мерки фактички отфрлаат „одделни региони на Донбас “ од Украина.

Претходно Киев донесе одлука за прекин на испораките на електрична енергија во ЛНР од полноќ на 25 април.

Општо земено, актуелната украинска влада многу чудно работи на враќање на отцепените територии. Вреди да се спомне дека дури и во времето кога територијата на Чеченската Република беше под контрола на вооружените групи, федералниот буџет правилно ги насочуваше средства за исплата на пензии, ја снабдуваше републиката со електрична енергија, и така натаму.

Се чинеше дека е излишно - но тоа беше дел од „непризнавањето на независноста“ прогласена на чеченската територија Ичкерија. И тој елемент на крајот ја одигра својата улога во она што федералните власти на самото место добија поддршка и успеаја да го вратат мирот.

Во односите на Украина и Донбас, како што лесно може да се забележи, се случува бавно признавање на независноста - односно, не само гранатирањето, туку и жестоката блокада со откажување од обезбедување на неотуѓивите права на луѓето, кои Киев формално ги прогласува за свои.

Тоа екстремно тешко може да се смета за далекувидна политика.

И поентата тука е не во тоа „што ќе каже цивилизираниот свет“ - тој свет одамна има научено да го гледа само тоа што е потребно. Работата е во тоа што токму така, преку блокади и исклучување на електричната енергија, Украина се одвојува од Донбас за во блиска иднина. Без оглед на тоа колку има нејзина иднина останато таму“, пишува порталот „На линија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња