За само неколку години Русија го зголеми производството на жито и се најде меѓу лидерите во извозот на одделни сорти жито, пишува францускиот весник.
„Русија, која веќе одамна не присуствува на меѓународниот пазар на жито, стана нова земјоделска суперсила благодарејќи на житарките. Според податоците на Федералната служба за државна статистика на Русија (Росстат), минатата година во земјата беа произведени 120 милиони тони жито – а тоа се огромни количини жито за Русија во постсоветската ера“.
Москва им одзема дел од пазарот на американските и европските гиганти во Азија, Јужна Америка, па дури и во Африка. Најголемите производители треперат, пишува весникот. Особено ако се земат предвид прогнозите на австралиските аналитичари од организацијата AEGIC: експортот на руско жито во периодот од 2015-2060 ќе порасне за 60%.
Русија, под санкции од Европа и САД, се фокусираше на целите кои таа си ги постави себеси во 2010 година: „да се постигне самоодржливост во производството на храна до 2020 година“. Истовремено, со воведувањето на контрасанкциите са европските производи, Москва одлучи да ги зголеми субвенциите на земјоделците и да им овозможи на странците закуп на земјиште. Покрај тоа, земјоделството привлекува инвестиции на големите компании „кои сакаат да го вкусат своето парче од колачот“, и милијардери, како што се Олег Дерипаска или Владимир Мошкович, кои беа поттикнати да се занимаваат со земјоделие, меѓу другото, и од даночните олеснувања и помошта од државата.
Како резултат на ова, Русија нема потреба од странско жито, зеленчук, пилешко и свинско месо. Санкциите, контрасанкциите и другите рестриктивни мерки, според „Лез Еко“, не го направија своето: „падот на рубљата му оди на рака на руското земјоделско производство“, кое стана поевтино да се испраќа во други земји, додека производството на жито, благодарение на добрите временски услови, исто така ги намали трошоците за електрична енергија и цените на ѓубривото, пишува францускиот весник, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче