Според документот, воените расходи во 2016 година во светот пораснале за 0,4% во споредба со 2015 година и изнесувале 1686 милијарди долари, пренесува „Взгљад“.
Така, рускиот воен буџет се зголемил минатата година за 5,9%, односно за 69,2 милијарди долари. Вкупно, според податоците на SIPRI, воените расходи на Русија се зголемиле од 2007 година за 87%. Во 2016 година трошоците за армијата изнесувале 5,3% од БДП, што претставува највисок показател во однос на бруто домашниот производ во историјата на независна Русија и седми најголем во светот.
Американските воени расходи во 2016 година се зголемиле за 1,7% и изнесувале 611 милијарди долари. Овие показатели сведочат за крајот на тенденцијата на намалување на воените расходи, предизвикани од економската криза и повлекувањето на силите од Авганистан и Ирак.
Кинеските трошоци за одбрана се зголемиле за 5,4% , односно за 215 милијарди долари.
Саудиска Арабија, која во 2015 година беше на третото место, минатата година го зазеде четвртото, со намалени трошоци за одбрана за 30% - на 63,7 милијарди долари.
Авторите на извештајот ја истакнуваат нерамномерноста на динамиката во купопродажбата на оружје во различни региони. Ако во Азија, Океанија, Централна и Источна Европа, Северна Африка и Северна Америка показателите растеле, во Централна Америка, Јужна Америка, Карипскиот басен, Блискиот Исток и Супсахарска Африка, тие се намалувале.
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави во април дека врвот на оптовареност за државните нарачки во одбраната во рускиот одбранбено-индустриски комплекс ќе биде во 2017 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче