Путин: мора да внимавам некој да не ја изеде Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин, откако слушна на седницата на Одборот на Доверители на Руското географско друштво како морските ангели (вид мекотели) ги јадат морските ѓаволи (вид риби), истакна дека и тој мора да внимава некој да не ја изеде Русија.

Во текот на извештајот за проектот на РГД „Проучување на подводниот свет на арктичките води на Русија“, на Путин му раскажаа и му покажаа кадри од филмот од кои, на пример, се гледа како едни мекотели се хранат со други, пренесува РИА „Новости“.

„Како што разбрав, една медуза јаде друга?“, прецизираше Путин.

„Да, овие медузи се хранат со други медузи, 70% диета“, му одговорија на шефот на руската држава.

„А вториот филм? Каде има мекотел-ангел, тој го јаде ѓаволчето?“, праша претседателот.

„Да, морските ангели ги јадат морските ѓаволи“, одговори соговорникот.

„Она, со што се занимавам, ќе треба поблиску да се запознам со вашите резултати од работата... Морам цело време да внимавам некој да не нѐ изеде, да гледам на сите страни. Многу е полезно да се види што се случува во природата“, заклучи Путин.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.