Во Москва одржана реконструкција на заземањето на Рајхстагот

Во паркот „Патриот“ одржана реконструкција на заземањето на берлинскиот Рајхстаг.

Во подмосковскиот парк „Патриот“ на 23 април се одржа реконструкција на заземањето на Рајхстагот – завршниот дел од Берлинската офанзива. Во настанот учествуваа повеќе од 1,2 илјади луѓе, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, пренесува „Лента.ру“.

Според него, во „јуришот“ учествуваа реконструктори од 10 земји, вклучително од Германија, Италија Чешка и балтичките држави. Повеќе од седум илјади гости ја набљудуваа манифестацијата.

Како што раскажаа од раководството на „Патриот“, тоа е првиот настан во кој е употребена копијата на Рајхстагот, за чија изградба министерот Шојгу соопшти во февруари оваа година.

На крајот на реконструкцијата на настанот, учесниците во воената игра го кренаа знамето на Советскиот Сојуз над Рајхстагот.

 

 

 

 


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња