Медиумите ја видоа „раката на Москва“ во француските избори

Повеќе светски медиуми ја обвинија Москва за мешање во претседателските избори во Франција уште пред да биде познат нивниот резултат.

Изданието „Политико“ објави статија под наслов „Како Русија ги хакираше француските избори“. Судејќи по текстот, насловот е некоректен – авторот на материјалот пишува дека француските власти „извлекоа поука од изборите во САД“ и ѝ посветуваат посебно внимание на сајбер-безбедноста. Сепак, „руското влијание“ во Франција изданието го смета за факт.

„Заедничката историја ѝ обезбеди на Москва сојузници во целиот политички спектар на Франција, од левицата, која се навраќа кон решавачката улога на комунистите во Отпорот, до десницата, со кои интересите на бизнисот и конзервативните вредности придонесуваат за совпаѓање на интересите со Кремљ“, се вели во статијата.

„Тројца од четворицата кандидати кои водат во анкетите се залагаат за пријателски односи со Москва. А Емануел Макрон едвај може да се смета за „јастреб“, пишува „Политико.  

Авторот на статијата на сајтот „Салон“ ги убедува читателите дека изборите во Франција се „само последната епизода на руската невидлива војна во претпазливата Европа“. Иако новинарот е принуден да признае дека не е забележано директно мешање во изборите, тој уверува дека „руските специјални служби развиле софистицирани методи за водење информациона војна во „сивата зона“.

Популарниот портал „Бизнис Инсајдер“ предупредува за „познатиот темен облак надвиснат над изборите во Франција“. Авторот на материјалот, повикувајќи се на истражување на еден унгарски центар, изјавува дека распространетите во социјалните мрежи „лажи вести“ наводно имаат потпора во руски извори.

„Влијанието на исходот на француските извори на овие промовирани крајно десни „лажни вести“, во голема мера инспирирани или создадени од руската дезинформација, ќе биде тешко да се оцени“, резимира тој.

Интернет-изданието „Вајс“ објави статија под наслов „Руската машина за лажни вести нишани на изборите во Франција“. Во материјалот без докази се тврди дека руските медиуми, „како и неофицијалните канали, како што се блоговите со крајно десничарска ориентација, ботовите на „Твитер“ и „фабриките со тролови“ се обидоа да влијаат на рејтинзите на кандидатите.

Авторот на статијата пишува дека „влијанието на кампањата за дезинформирање“ е тешко за оценување, но сепак, според него, „едноставното присуство на руската рака може да биде доволно“. „Притоа тој ја објаснува и „главната цел“ на Москва – „дестабилизација на ЕУ и НАТО“ и „поткопување на довербата на општеството во демократијата“, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.