Разликата во цената е забележителна, ако за единица мерка се земе американскиот галон, кој изнесува 3,785 литри. На 19 март неговата просечна цена за три месеци во САД изнесуваше 2,57 долари, а во Русија - 2,58 долари.
Доколку се земе единица мерка во литри, цената ќе биде еднаква – 0,68 долари.
Истражувањето на „Блумберг“ вклучува податоци од 61 земја. Во просек, според податоците, цените на бензинот во кварталот се покачиле за 1,4% .
Според податоците на државниот завод за статистика на РФ „Росстат“, цените на бензинот во февруари во просек пораснале за 0,6% споредено со јануари и за 5,8% споредено со февруари 2016 година.
Според податоците од 20 април, цената на бензинот во Русија за една недела – од 10-16 април, пораснала за 0,1%, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче