Споменик на Рузвелт подигнат во Јалта

Споменик во чест на 32 претседател на САД Френклин Делано Рузвелт беше откриен во саботата во Јалта во рамките на традиционалното празнување на Денот на улицата „Рузвелт“.

„Споменикот е подигнат поради заслугите на Френклин Рузвелт за зачувување на мирот во 20 век“, изјави градоначалникот на градот Андреј Ростенко, пренесува „Взгљад“.

Бистата на Рузвелт беше поставена на една од првите улици на Јалта која го носи неговото име. Улицата беше именувана „Рузвелт“ на 31 март 1960 година и во моментов е единствената на целиот постсоветски простор која го носи името на 32 претседател на САД.

Споменикот беше направен уште во 1960 година од страна на севастополскиот скулптор Константин Кошкин и долго време беше чуван во музејските депоа.

Конференцијата на Јалта се одржа на 4-11 февруари 1945 година. На неа лидерите на СССР, САД и Велик Британија – Сталин, Рузвелт и Черчил – дискутираа за прашања за повоениот поредок во светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња