Министерството за одбрана на Русија објави видео од подготовката на екипажите на борбената техника за учество во Парадата на Победата на 9 мај.
На подмосковскиот полигон Алабино заврши циклусот на обука на екипажите на механизираната колона која ќе помине на Црвениот плоштад на 9 мај. Вкупно беа одржани 14 проби со учество на повеќе од 100 екипажи, се истакнува во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Подготовката на екипажите ќе продолжи наредната недела и во неа ќе бидат вклучени и ноќните репетиции на Црвениот плоштад.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче