Во Хабаровск нападнато приемното одделение на ФСБ, двајца загинати

Напаѓач отворил оган во зградата на ФСБ во Хабаровск.

Центарот за односи со јавноста на ФСБ соопшти дека на 21 април во приемното одделение на ФСБ за Хабаровскиот крај влегло непознато лице и, без да ја помине зоната за техничка контрола, почнал да пука во луѓето.

Како резултат загинал еден припадник на Федералната служба за безбедност и еден од двајцата посетители – државјани на земји од ЗНД, додека вториот е ранет. „Напаѓачот е ликвидиран“, изјавија од ЦОЈ на ФСБ, пренесува „Лента.ру“.

На местото на настанот се вршат преземаат неопходните оперативно-истражни мерки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња