Асад: Сирија преговара со Русија за нови испораки на оружје

Дамаск е заинтересиран за ПВО-системи од најнова генерација, изјави претседателот на Сирија Башар Асад.

Сирија води преговори со Русија за нови испораки на оружје, вклучувајќи средства за противвоздушна одбрана, изјави во интервју за РИА „Новости“ претседателот на Сирија Башар Асад.

Одговарајќи на прашањето за преговорите со РФ во однос на набавката на нови системи за ПВО, Асад изјави: „Да, тоа секогаш се случува – пред војната и во текот на војната“.

„Нам ни треба повеќе оружје по војната и поради нивното расходување, тоа е дел од секојдневните односи меѓу министерствата за одбрана на РФ и Сирија“, објасни претседателот на Сирија.

Според Асад, Дамаск е заинтересиран за ПВО-системи од најнова генерација.

„Обично секогаш покажуваме интерес за најновата генерација на секој систем, но тоа зависи од тоа дали ги има, од политиката на испорачателот – во наведениов случај РФ, од цените“, изјави тој.

Претходно портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека во вооружувањето на армијата на Сирија има противвоздушни ракетни системи С-200, „Бук“ и други системи, пренесува „Известија“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња