МО на РФ: руски воен советник загина во Сирија

Во Сирија, при напад на милитантите врз воен гарнизон на владините сили, загина рускиот воен советник Сергеј Бордов, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, војникот се наоѓал во состав на групата руски воени советници и извршувал задачи за обука на една од единиците на сириските сили.

„При нападот на милитантите рускиот офицер ги организираше акциите на сириските војници, не дозволувајќи терористите да се пробијат во кампот“, истакнаа од Министерството за одбрана.

Бордов е предложен за државно одликување посмртно, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.